Кајли Џенер изгуби милион следбеници откако ја исмејуваше Селена Гомез поради изгледот

од Stefanija Kuzmanovska

Една од најпознатите светски инфлуенсери, Кајли Џенер, изгуби речиси милион следбеници на Инстаграм, откако ја исмејуваше пејачката Селена Гомез.

Кајли порано беше најпопуларната жена на споменатата социјална мрежа, но се чини дека веќе не е така. Џенер ги загуби обожавателите поради конфликтот со популарната пејачка. Причината е драмата помеѓу неа, Хејли Бибер (сопруга на поранешното момче на Селена, Џастин Бибер) и Селена Гомез.

Се започна на 22 февруари кога милиони фанови претпоставија дека Хејли и Кајли ја исмејуваат Селена поради нејзиното појавување на социјалните мрежи. Тоа беше истиот ден кога Селена ја симна Кајли од тронот како најследена жена на Инстаграм.

Наскоро на социјалните мрежи започна вистинска војна на фановите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена Гомез и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, а да ги отследат Хејли и Кајли. Бројот на нивните следбеници почна брзо да опаѓа, а Селена од 381 милион се искачи на над 389 милиони.

Фотографијата која Селена ја објави кога се започна денес има 17 милиони лајкови. Во исто време, Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради големиот број негативни коментари.

Слични содржини