Кајли Џенер шокираше носејќи лавовска глава на црн фустан (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

И токму кога ќе помислите дека сте ги гледале сите изданија во светот на модата, се појавува реалити ѕвездата Кајли Џенер и ни покажува дека изненадувањата никогаш не завршуваат.

Кајли реши целосно да ги шокира своите фанови со тоа што на црн фустан стави голема лавовска глава.

Таа го избра овој стајлинг за модната недела во Париз кога ја посети ревијата „Schiaparelli“.

Присутните беа прилично збунети кога ја видоа Кајли како се спушта по скалите со лажната животинска глава закачена на нејзиниот фустан.

Таа носеше златни чевли и чанта од змиска кожа со овој исклучително необичен стајлинг.

Слични содржини