Кабинетот на Орбан за барањето за азил на Груевски: Треба да се земат предвид условите во македонските затвори и состојбата со судството

од desk2

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гулаш, вели дека треба да се земат предвид и условите во македонските затвори, како и ситуацијата со македонското правосудство, кои добиваат лоши оценки во извештаите на Европската комисија и Советот на Европа при разгледување на барањето на осудениот експремиер Никола Груевски за азил во Унгарија, јавува СДК.

Одговарајќи на пратеничко прашање во унгарскиот парламент како може Груевски да аплицира за азил кога влегол во Унгарија од Србија која е безбедна земја, Гулаш вчера кажа дека принципот на безбедна земја е важен, но според процедурата за барање азил треба да се земе предвид ситуацијата во Македонија со судскиот систем и условите во затворите, додавајќи дека не е сигурен дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна./СДК

Слични содржини