Кабинетот на претседателката на Косово потрошил 86.000 евра, еве за што биле дадени најмногу пари

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателството на Косова објави дека кабинетот на претседателката Вјоса Османи во првите шест месеци од годинава потрошил над 86.000 евра.

Во кабинетот на косовската претседателка се вработени 19 лица.

Османи и нејзиниот кабинет потрошиле најмногу пари за патни билети во странство (48.968 евра), јавуваат приштинските медиуми.

За сместување за време на патувањето потрошиле 12.658 евра, а за гориво 9.000 евра.

Официјалните ручеци и вечери чинеле 3.455 евра, додека протоколарниот коктел по повод Неделата на жената чинел 1.000 евра.

Слични содржини