Кабинетот на украинскиот претседател заразен со корона, неговата сопруга во болницата

од Vladimir Zorba

Сопругата на украинскиот претседател Владимир Зеленски, која неодамна се зарази со коронавирус, е хоспитализирана поради пневмонија, соопшти канцеларијата на претседателот. Од друга страна, медиумите шпекулираат дека корона имаат членовите на кабинетот на Зеленски.

Состојбата на Олена Зеленска е стабилна, а нејзините деца и сопругот се тестираа негативно за Ковид 19.

„Сопругата на украинскиот претседател е хоспитализирана во болница во Киев. Како што е познато, на првата дама и беше дијагностициран коронавирусот минатата недела. Во моментот има не-клиничка умерено-тешка форма на билатерална пневмонија“, објави прес-службата на Телеграм.

Весникот „Газета.ру“, повикувајќи се на украинските медиуми, во понеделникот изјави дека појавата на Ковид-19 кај вработените е регистрирана во канцеларијата на Зеленски. Како што се наведува, советникот на украинскиот претседател Руслан Демченко, како и вицепремиерот Алексеј Режников се заразиле со вирусот.

Прес-службата на администрацијата на украинскиот претседател ги негираше овие тврдења и објави дека резултатите од тестовите на корона меѓу претставниците на владата и администрацијата на Зеленски покажале негативен резултат.

Зеленски претходно ги ограничувал состаноците и бил во делумен карантин, откако на неговата сопруга и бил дијагностициран Ковид-19.

Претходно, Министерството за здравство на Украина објави дека во земјата се регистрирани 32.476 пациенти со коронавирус, вкупно 912 лица починале, а 14.528 се опоравиле.

Слични содржини