Кабинетот на Зеленски: Ќе го свртиме текот на војната, ќе има многу изненадувања

од Stefanija Kuzmanovska

Раководството на Украина настојува до зима да го смени текот на воената кампања против Русија, најави началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Андреј Јермак.

„Критично е да не им дозволиме на Русите да ја одолговлекуваат војната со нас до оваа зима. Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, е сериозно расположен и подготвен да направи се што е во негова моќ за што поскоро да ги ослободи нашите територии“, напиша Јермак на својот канал на Телеграм, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Тој рече дека многу зависи од тоа како се обучуваат украинските борци.

„Ќе го свртиме текот на оваа војна. Наскоро ќе има многу изненадувања“, истакна тој.

Слични содржини