Кабул: Талибанците им наредија на телевизиските водителки да ги покријат своите лица

од Stefanija Kuzmanovska

Владејачкото талибанско движење им нареди на локалните телевизиски канали во Авганистан да се погрижат водителките да си ги покриваат лицата додека се на екранот, што дополнително ги ограничува правата на жените во таа земја, и покрај глобалниот бес.

Авганистанските медиуми потврдија дека добиле декрет од Министерството за порок и доблест, кое е задолжено за толкување и спроведување на талибанската верзија на исламскиот шеријат.

Портпаролот на министерството, Акиф Садик, потврди за „Гласот на Америка“ дека на сите домашни медиуми во Кабул им е наредено да забранат женски персонал да се појавува во програмата, освен ако не им се покриени лицата.

Слични содржини