Каде и колку се движат Македонците за време на пандемија?

од Vladimir Zorba

Поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, луѓето ширум светот се поппретпазливи кога се работи за извршување на активности надвор од домот или работното место.

Според извештајот на Google (Covid-19 Community Mobility Report) на 27-ми јуни, за 30% е намалено движењето на граѓаните на Македонија на станиците на јавен превоз што подразбира метро, автобуски и железнички станици.

Пад од 19% се забележува кај движење на населението во ресторани, кафулиња, шопинг центри, тематски паркови, музеи, библиотеки и театри. Само 1% има пад во движење на луѓето на места како што се продавници, супермаркети и аптеки.

Од друга страна, за 47% има раст во однос на движење на Македонците на места како што се јавните парковите и големи отворени површини…

Податоците се анализирани во споредба со средната вредност за соодветниот ден во неделата, во текот на петнеделна недела во период од трети јануари до шести февруари годинава.

Информациите се собираат од Google maps, други апликации и услуги за пребарување, но не се откриваат лични информации или контакти. Извештаите покажуваат дали повеќе или помалку луѓе одат во продавница, паркови, метроа, канцеларии…

Слични содржини