Каде се крадат најмногу автомобили во Европа?

од Vladimir Zorba

Објавени се податоци кои ја покажуваат стапката на кражби на автомобили во европските земји.

Податоците го опфаќаат бројот на евидентирани кражби на автомобили на 100.000 жители во 2020 година.

Спротивно на очекувањата, Шведска е на врвот на Европската унија по бројот на кражби на автомобили. Ги имало 207 на сто илјади жители, пишува „Poslovni“.

По Шведска е Италија која имала 169 кражби на автомобили, потоа Холандија со 155 и Грција со 144 кражби на автомобили на 100.000 жители.

Во Романија се забележани 9 кражби на автомобили на сто илјади жители, во Естонија 8, а во Данска само 5 кражби на автомобили на 100.000 жители.

Слични содржини