Каде заврши дресот на Бензема, во кој ги „потопи“ европските шампиони? (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Францускиот напаѓач Карим Бензема синоќа го „потопи“ Лондон, каде му гостуваше на Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Мадриѓаните славеа против Челси со 1:3, а Бензема постигна три гола.

Дресот во кој Бензема „везеше“ синоќа, сега доби на вредност.

Тој заврши во рацете на поранешниот соиграч на Бензема од репрезентацијата, Патрис Евра, кој не издржа да не се пофали со подарокот, па објави се на социјалните мрежи.

– Благодарам на најдобрата деветка во светот. Хала Мадрид, напиша Евра.

Слични содржини