Кадиров: Целта на специјалната операција е уништување на манифестациите на сатанизам

од Nikola Popovski

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на апликацијата Телеграм објави дека целта на „специјалната воена операција“ во Украина за него е „целосно уништување на манифестациите на сатанизмот“.

-Дозволете ми да парафразирам еден познат цитат – „одиме само напред и ништо нема да не спречи“, напишал Кадиров.

„Целта на специјалната операција за нас е целосно уништување на манифестациите на сатанизмот: Сатана, нацисти. За нив има многу дефиниции, но суштината е секогаш иста. Нивната вистинска суштина е недостатокот на хуманост, морални принципи, ширење на зли духови. Затоа, тие се сатанисти за нас. Да ги победиме е наша цел и задача“, напиша Кадиров.

Чеченскиот претседател на социјалните мрежи објави видео од новото оружје и опрема што го добиле припадниците на специјалните сили Ахмат.

Станува збор за оклопни возила BORZ, кои се вооружени со митралези.

Слични содржини