Кадиров: Непријателот претрпе големи загуби, заробивме западно оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, на својот канал на Телеграм ги објави најновите снимки од правец на Херсон.

Како што истакна во описот на видеото, војниците на полкот „Север“, под водство на командантот Хасмагомед Магомадов, успешно одбиле неколку непријателски напади. ⠀

„Како резултат на непромислените дејствија, непријателот претрпе големи загуби. Поточно, уништени се до 200 националисти, како и неколку единици тешка воена опрема и патнички возила наменети за транспорт на персонал. Момците ја елиминираа заканата што е можно побрзо и без загуби, што ја потврдува високата професионалност на борците од Северниот полк. Во исто време, тие го надополнија својот и онака богат арсенал со заробено западно оружје“, рече чеченскиот лидер.

Според него, меѓу убиените милитанти овој пат има голем број американски и полски платеници.

Слични содржини