Кадиров: Со снимка потврдувам дека Северодоњецк е наш

од Берта Китинска

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров вечерва на својот канал Телеграм објави уште едно видео кое, како што наведе, потврдува дека руските војници ја контролираат станбената зона на градот Северодоњецк во самопрогласената Луганска Народна Република.

Кадиров објави видео на кое неговиот помошник во единицата за безбедност Апти Алаудинов шета низ градот со автомобил со регистарски таблички на Ахмат, град во Чеченија, и ја покажува зградата на градската управа, како комуницира со продавачите, пренесе РИА Новости.

Слични содржини