Каевски: Мицкоски и Апасиев остануваат сами и изолирани во антиевропската агенда

од Vladimir Zorba

„Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес“, изјави денеска на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ да не бега туку да учествува во дебатата во Собранието а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со проруската Левица, со Алијанса, кои не ум успеаја.

Откако се распадна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, сега Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев остануваат сами и изолирани во антиевропската агенда. Само ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ.

Апасиев вчера и јавно повика да не бидеме членка на ЕУ и уште еднаш го потврди дејствувањето за туѓи интереси“, додава, меѓу другото, портпаролот на СДСМ.

Слични содржини