Каевски: Ни пристигнаа пораки од граѓаните со текст „јас лично не излегов да гласам“

од Nikola Popovski

Граѓаните ни упатија сериозна порака, која ја примивме и покажува дека одредени процеси и дејствија и реформи треба да ги исправиме, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“, зборувајќи за првиот круг од локалните избори.

Според него, најважно е да се извлече пораката и да се продолжи напред.

-Пред се да покажеме дека знаеме да слушаме, да се исправиме и да се извиниме. До нашите партиски колеги стигнаа пораки од типот „јас лично не излегов“, но кога ги гледам резултатите, знам дека ќе ја исправиме грешката и сето тоа што беше згрешено да се исправи, затоа што граѓаните го заслужуваат најдоброто, посочи Каевски.

Слични содржини