Каевски: Од деструктивното однесување на опозицијата страдаат граѓаните

од Берта Китинска

„Од самиот старт опозицијата не сака оналјн седници затоа што намерата им е да ги блокира сите закони наменети за граѓаните. Потоа, велат дека било противуставно, но во Уставот стои дека Собранието може да одлучува ако присуствува мнозинството пратеници, но никаде не пишува какво присуство“, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма

Каевски потенцираше дека од деструктивното однесување на опозицијата страдаат граѓаните, а потоа пратениците од мнозинството.

„Голем дел од европските држави се прилагодуваат на новите услови. Велат во ВМРО ДПМНЕ дека власта немала коректен однос кон нив и затоа блокирале. Па, што се виновни граѓаните ако опозицијата не е задоволна од власта, па ги блокирате законите. Со ова однесување не ни прават проблем само нам, туку на граѓаните им предизвикувате проблеми,“вели Каевски.

Слични содржини