Каевски: Ребалансот на Буџетот е домаќински и одговорен чекор

од Nikola Popovski

Со ребалансот сериозно се кратат средства за непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, пари кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза. Она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна, информира денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој на прес-конференција наведе дека ова е одговорен, домаќински чекор во време кога целиот свет се соочува со недостиг на храна и енергенси.

-И во време на светска економска криза успеавме минималната плата да ја зголемиме на 18.000 денари. Со Синдикатот се постигна договор за рекордно зголемување од 15 отсто на платите во образованието и детската заштита, а следува период на раст на платите во сите сектори согласно растот на минималната плата. Договорена е и нова методологија за постојан и одржлив раст на пензиите, а следното покачување ќе се реализира во септември оваа година. Просечната плата денес изнесува 31.080 денари што е реализација на клучното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра. Сето ова почитувани е показател дека македонската економија е стабилна и конкурентна и подготвена да се носи со сите предизвици, појасни Каевски од седиштето на СДСМ.

Слични содржини