Каевски: Скопје е нефункционален град, а ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се фатија за Ќосето (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Година и половина Скопје е нефункционален град, нема реализација на ниту еден важен проект, а најодговорни за таквиот хаос се Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, како реконструкцијата на Универзална сала, улица Есенинова, изградбата на клучката кај Момин поток, мостот на булеварот АСНОМ.

Јавните претпијатија се во хаос, градскиот превоз е нефункционален. Скопје со ВМРО-ДПМНЕ е буквално заглавено, стагнира наместо да се развива.

Во вакви услови, наместо проекти и решенија, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се фатија за споменици“, порача Каевски.

Слични содржини