Каевски: Спортистите и спортските работници ќе добијат минимални плати за два месеци

од Nikola Popovski

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски, на прес-конференција ги појасни мерките на владата наменети за спортистите, спортските работници и клубовите, потенцирајќи дека паричната помош ќе биде за сите спортисти, не само за оние со статус вработен.

„Изминатите недели бевме фокусирани да го одржиме спортот во нормала по оваа пандемија. Се утврди исплаќање на финаниска поддршка на спортстите, спортските работници, и истата ќе се исплатува врз основ на работен договор на секој оној кој се занимава со дејноста спорт. Тоа се минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, средства наменети директно за спортистите и спортските работници со цел одржување на своите места во оваа кризна ситуација.“, рече Каевски кои ги објасни условите со кои клубовите може да ја побараат оваа помош.

Покрај оваа мерка, која беше најавена уште со минатонеделниот пакет-мерки од владата, Каевски сега соопшти и за дополнителна финансиска инјекција за одржување на виталноста на македонскиот спорт во овој период:

– Помош во висина од 14.500 денари, за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 спортисти до 18 години во индивидуални спортови и минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови.

– Покрај редовната поддршка, ќе АМС ги финансира тренинг-програмите на врвните спортисти од Македонија во индивидуалните олимписки спортови, кои ќе се подготвуваат за обезбедување норма за ЛОИ во Токио, идното лето.

– Намалување на цената на спортските објекти во сопственост на државата за 50 проценти и препорака до оопштините да го направат истото, со цел да се излезе во пресрет на клубовите и спортистите кои ќе ги користат овие објекти.

Слични содржини