Кафулињата и рестораните почнаа со работа под строго утврдени протоколи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

од Aleksandar Petrovski

По пауза од два и пол месеци заради пандемијата со коронавирусот, кафулињата и рестораните денеска почнаа со работа.

Со строго придржување до мерките, со маси распоредени на два метра растојание, келнерите со маски, на секоја маса средство за дезинфекција и редарска служба на влезот на локалот.

Најголеми реакции и меѓу угостителите и во јавноста предизвика делот од Протоколот со кој се предвидува на маса со четири столици да може исклучиво да седат само членови на исто семејство.

 

ФОТО: Борче Поповски

Слични содржини