Каири и Леброн повторно заедно во Лејкерс?

од Vlatko K

Каири Ирвинг повторно може да се собере со Леброн Џејмс и заедно со Ентони Дејвис тројцата да
го претворат Л.А. Лејкерс во непобедлив тим, тврдат гласините од САД.

„Езерџиите“ бараат трета ѕвезда, а освен Ирвинг фрлиле око и на Кемба Вокер од Шарлот, кој исто
така е слободен агент, а и може да направи компромис и да потпише за помалку пари во
стремежот да има шанса да ја освои титулата.


Се смета дека Каири долго време сака да игра со Дејвис, а и неговиот однос со Леброн повторно е
добар, откако во 2017-та тој побара трансфер од Кливленд имено, за да не биде во сенката на
Кралот.

Во Бостон сепак, работите не се толку добри и по две сезони кај Селтикс, сега плејмејкерот е
подготвен за нов предизвик, откако беше поврзуван сериозно и со Њујорк Никс и Бруклин Нетс.

Самиот Џејмс исто навести на неколку пати дека двајцата повторно можат да се соберат, но ако
Ирвинг потпише со менаџерската агенција на Џеј Зи, кој пак е косопственик на Бруклин, тогаш
веројатноста да заигра кај Нетс изгледа многу сериозна

Слични содржини