Кај МЗТ не истекла солна киселина, имало само прокапување, а фирмата имала лиценца

од Vladimir Zorba

Во кругот на МЗТ пред два дена немало истекување на солна киселина, туку капење на хлороводородна киселина со концентрација од 30-32 проценти која била складирана во метален резервоар со капацитет од 50 тони, соопшти денеска Државниот инспекторат за животна средина, кој направил вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект „Макохемија“ АД Скопје по добиени информации од социјалните мрежи за ширење на неподнослива миризба од страна на граѓаните на населба Автокоманда во Општина Гази Баба.

– Постапувајќи по службена должност, извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Макохемија АД Скопје, ул. Перо Наков бр.41, која не се наоѓа во кругот на МЗТ, при што е констатирано дека на ден 01.12.2019 година во попладневните часови, околу 19 часот дојдено е до капење хлороводородна киселина со концентрација од 30 до 32 отсто која била скаладирана во метален резервоар со капацитет од 50 тона. Во моментот на прокапувањето во резервоарот имало количина на залиха од 10 до 15 тони. Резервоарите каде се складира хлороводородна киселина имаат изградено танквана – непропустлив бетонски базен заради заштита. Веднаш по утврдувањето на прокапувањето од страна на правниот субјект превземени се превентивни мерки, појаснуваат од ДИЖС, од каде ги демантираат наводите на Инспекторатот на Град Скопје дека во наведената локација имало истекување, заради тоа што се превземени мерки за преточување во друг резервоар.

Во соопштението се наведува дека „ваквите лажни информации за наводно истекување на киселина шират паника и дезинформаицја кај граѓаните“.

Исто така, ДИЖС ја демантира информацијата што е пласирана до медиумите дека „Макохемија“ АД-Скопје не поседува елаборат за заштита на животнта средина, субјектот поседува Согласност на еколошки елаботат со архивски број 11-1139/2 од 12.03.2004 година, согласно тогашните законски прописи.

ДИЖС, стои во соопштението, изнесените лаги и клевети на градските власти дека другите институции не постапуваат ги смета како недолично однесување на институцијата и исистите ги отфрла во целост.

Слични содржини