Кај „Пепелиште“ се уште гори, но нема опасност од загрозување на населби и објекти

од Nikola Popovski
17 прегледи

Генерално, од пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“, на 10-километарскиот „огнен фронт“ нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информации од терен, но и денеска од утрово се дејствува врз пожарот, а ЦУК упатил и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“.

-Конкретно, денеска, во раните утрински часови, се дејствува врз пожарот во реон на армискиот воен полигон „Пепелиште“ од страна на ТППЕ Неготино и Јавните комунални претпријатија од општината, а и со локална поддршка од месното население. Опасниот крак од пожарот на 10-километарскиот „огнен фронт“, што го ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци вчера е изгаснат, така што повеќе не постои повеќе опасност од пожарот за двете села, наведуваат од ЦУК.

При утринската координација на ТППЕ од Неготино, ЦУК и МВР е одлучено хеликоптер на МВР, утрово, да дејствува на теренот каде што е пожарот во правец од с. Војшанци кон сртот на планината Серта, за да не префрли пожарот кн Конечка Планина.

-Таму има густа вегетација од ниска шума, нискостеблеста иглолисна вегетација и висока трева.
Дел од екипите на пожарникарите од ТППЕ и јавните комунални претпријатија од Неготино се концентрирани на поголемите жаришта од пожарот на планината Серта. Тие ПП екипи, заедно и со дел од мешаните, континуирано дејствуваат во тој предел за да го стават пожарот под целосна контрола. Целата операција на дејствување врз пожарот е задолжен да ја води командирот на ТППЕ и по негова проценка, дека има потреба од дополнителни ресурси за справување и гаснење на пожарот, преку градоначалникот на Општина Неготино, че ги побара од соседните општини, посочуваат од ЦУК.

Армискиот хеликоптер „ми-17“ е планирано да се вклучи во гаснење на пожарот денеска околу 12.00 часот.
Утрово, ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“ (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, што обезбедува оперативна поддршка во управувањето со границите, како помош и во нашата држава).

-Центарот за управување со кризи информира дека, генерално, од опасниот пожар во реон на армискиот воен полигон „Пепелиште“ што имаше 10-километарски „огнен фронт“, нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен што до ЦУК пристигна од терен и од Општина Неготино, стои во соопштението.

Слични содржини