Каjчев: Усвоената Резолуција не придонесува за европската перспектива на Mакедонија

од Nikola Popovski

„Усвојувањето на таква декларација на годишнината од Илинденско-преображенското востание, возбудлив настан за сите нас, не е знак на оптимизам … Оваа резолуција е манифест на македонизмот. Зборува со кодни зборови, кои уште еднаш ги покажуваат претензиите на Скопје врз целата историско-географска област Македонија“, изјавил за Бугарското национално радио, историчарот и дипломат доц. д-р Наум Кајчев, кој е заменик -претседател на Заедничката комисија за историски и образовни прашања.

Тој посочува дека усвоената Резолуција во Скопје не придонесува за европската перспектива на PCM.

Според него, „Отворен Балкан“, се гледа со зголемено внимание и двосмисленост и од ЕУ и од земјите во регионот.

„Македонскиот јазик е македонски, одделен и различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја со која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува “, напиша заменик-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на социјалните мрежи, на дента на усвојувањето во Собранието. Резолуцијата инсистира „преговорите да се водат на еднаква и принципиелна основа со задолжително почитување на меѓународното право, без никакви услови од двете страни и со почитување на достоинството на македонскиот народ“.

Во изјава за медиумите, бугарското МНР го изрази своето разочарување од резолуцијата, а Софија ќе чека да се објави нејзиниот текст за да може внимателно да ја анализира во однос на компатибилноста со билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка потпишан и ратификуван од Скопје. Во соопштението се вели и дека е целосно неприфатливо за Бугарија да мотивира или оправда неисполнување на билатералниот договор преку вакви дела.

Слични содржини