Кајли Џенер блесна на роденденската прослава во фустан вреден скоро 20.000 евра (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Кајли Џенер го прослави својот 23-ти роденден во понеделник, и оттогаш уште слави. На својот Инстаграм профил објави фотографија на која носи прекрасна креација од Оливер Рустенг, сопственик на модната куќа „Balmain“.

Мини фустан отсовршено ја следи нејзината фигура, и иако е украсена со кристали покрај светлите бои, изгледа многу елегантно. Дизајнерското парче има длабоко деколте, украсено со големи сини скапоцени камења. Овој фустан може да се најде во колекцијата „Balmain“ за 2021 година и чини околу 20.000 евра.

Риалити ѕвездата позираше на белите скали пред тропската куќа, која ја изнајми за да го прослави својот „прекрасен ден“.

Кајли, меѓу многу други, објави фотографија на која таа и нејзината ќерка, Сторми, се во бели фустани покрај морето, гледаат на зајдисонцето.

Таткото на Сторми, Тревис Скот не беше со нив на ова патување.

Слични содржини