Кајли Џенер го усклади стајлингот со приватниот авион (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер позираше во приватниот авион вреден 72 милиони долари, а деталите од нејзиниот авион предизвикаа големо внимание во јавноста.

Кајли дури и ја усклади својата гардероба со белите седишта во авионот со нејзините иницијали „КJ“ во потемна боја. Авионот се вика „Кајли ер“, персонализирани детали има насекаде, па дури и салфетките имаат нејзини иницијали.

Но, Кајли не би била Кајли доколку не го покаже своето прекрасно тело во бел плетен комбинезон над кој има јакна во иста боја.

„Тоа е бизнисот“, напиша Кајли под фотографијата.

Слични содржини