Кајли Џенер сподели совети за изолација кои ги научила додека ја криела бременоста

За најмладата самонаправена милијардерка на светот, изолацијата и останувањето дома не е ништо ново.

Имено, Кајли Џенер со месеци ја криеше бременоста од јавноста и поминуваше многу време во својот дом, а сега откри што правела тогаш за да се избори со досадата, како би ги поттикнала своите фанови да бидат одговорни и да не излегуваат од домот, пишува Glamour.

„Ве молам, останете дома и практикувајте го социјалното дистанцирањ“, напишала на своите кратки приказни на Инстаграм, а потоа предложила неколку идеи за забава во домот.

View this post on Instagram

movie suggestions? 🖤

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

„Кога бев бремена не излегував од дома и така успеав да ја одржам бременоста во тајност. И никогаш не ми беше досадно. Имав сама спа денови и уживав во долги купки, нега на кожата и косата“, напишала Кајли и открила еден детаљ со кој успеала да ги скрати деновите.

„Сложувалки! Сложив многу од нив додека бев бремена. Мислам дека сложувалките се потценети“, заклучила Кајли.

Слични содржини