Кајли донесе важна одлука за својот бренд и постави пример за останатите

Бјути милијардерката која сетовите за шминка и ја донесоа првата милијарда, исто така ги чувствува последиците од пандемијата.

Иако неодамна истакна дека изолациајта не и е непозната, бидејќи така ја одржа бременоста во тајност, се чини дека нејзината компанија Kylie Cosmetics сепак мора привремено да ги затвори вратите.

Како што пишува Teen Vogue, брендот на Инстаграм објави дека на неопределено нема да ги испорачуваат нарачките иако истите ќе може да се нарачуваат на страната. Сестринската компанија Kylie Cosmetics Colour Pop ја направи истата работа и истакна дека на сите кои не сакаат да чекаат, ќе им бидат вратени парите.

Сепак, брендот Kylie Skin ќе продолжи да работи во строги хигиенски услови и дека уредно ќе ги праќа нарачките.

Kylie Cosmetics мора да го затвори магацинот поради ширење на пандемијата, но Кајли истакнува дека се надева дека за неколку недели ќе може повторно да отвори и да продолжи праќањето на нарачките.

Слични содржини