Напис објавен од бриселски „Политико“ сугерира дека идниот американски претседател Џо Бајден треба да интервенира во внатрешната политика на Европската унија и да ги поддржува силите кои сакаат да ги казнат Полска и Унгарија, изјави унгарската министерка за правда Џудит Варга.

„Се очекува добро насочен удар од новиот американски лидер во одбрана на либералната демократија“, рече Варга во објавата на унгарски и англиски на својот профил на Фејсбук, пренесува МТИ.

„Можеме дури и да го наречеме комично тоа што печатот предлага употреба на американска сила против европските земји. Но, исто така, знаеме дека, за жал, повеќето политичари се плашат од моќта на меѓународните либерални медиуми и повеќе сакаат да ги следат нивните очекувања ако сакаат да останат популарни во меѓународната политика“, додаде таа, објаснувајќи зошто е можен таков потег на новиот американски претседател.

На крајот, Варга во својата изјава заклучи дека унгарскиот народ секогаш ќе ја брани унгарската демократија од странски напади, а тоа ќе продолжи и понатаму, наведува агенцијата.

⚠️ A Politico nemzetközi lapban megjelent elemzés arra kérte Joe Bident, hogy avatkozzon be az európai politikába és…

Posted by Varga Judit on Wednesday, January 6, 2021

Слични содржини