Како борбата против ебола довела до лечење од коронавирус: Неверојатен успех на италијанските лекари!

од Aleksandar Petrovski

Во Италија досега се потврдени 470 случаи на зараза од коронавирус, 12 лица починале, но има и добри вести.

Новите податоци на шефот на цивилната заштита Анџело Борели наведуваат дека три пациенти во целост оздравеле.

Станува збор за тројца пациенти кои се лекувани во Рим од почетокот на февруари – двајца кинески туристи и едно момче кое се вратило од Кина. Тоа биле првите случаи на коронавирус во Италија, пишува Индекс.хр.

-Тројцата пациенти кои беа позитивни на коронавирус се излекувани. Тоа е порака до Италијанците дека болеста е излечива, изјави Франческо Ваја, директор на италијанската болница за заразни болести во Рим.

Болницата во лечењето користела антивирусна експериментална терапија, прецизирал Ваја. Лекарите експериментирале со антивирусни агенси и лекови кои се користат против вирусот на ебола.

Слични содржини