Како букетот цвеќе да остане свеж подолго време?

од Elena Daskalova

За Осми март неизбежно е подарувањето букети од свежо цвеќе, па најмалку што можеме ние да направиме е да ги одржиме подолго време свежи и убави во вазната.

Ова се некои трикови кои ги користат и во цвеќарниците.

Розите, каранфилите и хризантемите сакаат многу вода. Лалињата и Герберите можат и со помалку. За герберите се менува водата секој ден, а на лалињата само им се долева. Мимозите не сакаат ладна вода, па пред да ги ставите во вазна, бидете сигурни дека водата е на собна температура. Нивните цветови треба секој ден да ги попрскувате со вода.

Орхидеите, камелиите и цикламите, од друга страна, не треба да ги прскате со вода. На гладиолите отстранете им ги најгорните пупки, за да може водата и хранливите материи да ги користат веќе отворените цветови. Цвеќето со шупливи стебла покаструвајте го секој втор ден по околу еден сантиметар.

Водата никогаш не смее да биде ладна, туку отстојана неколку часа. Додадете прстофат сол и малку шеќер. Стеблата засечете ги косо, за да имаат поголема впивлива површина. Не ставајте го букетот во близина на овошје или зеленчук, бидејќи така плодовите побрзо скапуваат.

Слични содржини