Убавата насмевка отвора многу врати. Не секој сепак е благословен со бели заби. Генот, цигарите, кафето, свежо цедените сокови и други прехранбени производи и пијалаци помагаат за губење на природниот сјај и белина на забите.7ad378848e8d16834bc4249e5533fedd

И сепак стоматологијата е доста напредната и има начин да го подобрите изгледот на вашата насмевка без да го менувате драстично начинот на живот. Може да го посетите стоматологот и да ги избелите забите на место со модерната апаратура (ласери, избелување лампи и т. н.) или пак да се погрижите за себе во домашни услови со специјални гелови за белење и ленти.

Што сепак треба да знаете за да биде избелувањето ефикасно и безбедно за вашите заби?

Стоматологот д-р Волф ги сподели следниве совети пред машкиот сајт Men’s Health:

Не ги белејте забите, ако се сиви

Избелувањето е ефикасно, ако имате кафеава или жолта пигментацијата, која често е поврзана со потрошувачката на некои видови храна. Сивите затемнувања често се генетски или се поврзани со примањето на некои антибиотици, па при постоење на сличен проблем задолжително консултирајте се со специјалист за решение, а не ги правете процедурите дома.

Не ги белејте забите, ако се премногу чувствителни

Производите за белење содржат различни киселини кои ја засилуваат чувствителноста на забите и дури може да го нарушат емајлот. Ако воопшто вашите заби се чувствителни, ќе почувствувате силна болка и постапката може да се покаже многу непријатна, па дури и штетна.

Стоп штом почувствувате несакани ефекти

Избелувањето на забите може да има несакани ефекти. Пероксидот во геловите и лентите би можел не само да доведе до преосетливост, но и да им наштети на непцата. Ако било која од овие работи не се случи, подобро веднаш да прекинете со белење, советува доктор Волф. Проблемите обично се јавуваат веднаш штом ја завршите процедурата. Освен тоа е важно да се има предвид дека белење на забите не треба да се прави премногу често. Периодот помеѓу две постапки (правени во домашни услови) треба да е минимум 8-10 месеци.

Слични содржини