Постепеното заладување надвор често е причина за непријатното напукнување на усните, што ги прави не само непривлечни, но и болни. Од оваа причина е препорачливо грижата за нив да почне  од порано. Слично на кожата на лицето, и оваа на усните има потреба од дополнителна нега во постудените месеци. Еве и неколку препораки:soft-luscious-lips

Едeн од најважните услови е да се избегнува лижење на усните, бидејќи оваа навика може да доведе до повреда и последователна инфекција. Во случај да се почувствува сувост на усните, треба да се нанесе регенератор. Иако на прв поглед изгледа дека плунката ги навлажнува, таа всушност ги суши повеќе.

Мртвите кожни клетки се акумулираат и на усните. За да се елиминираат, препорачливо е да се користи природен пилинг од маслиново масло и шеќер, кој ќе се нанесе со лесни масажни движења на усните.

Може да се користи и мека четка за заби, со помош на која ќе се отстранат мртвите клетки на кожата. Потоа, усните треба да се поминат со влажна памучна крпа или со друга мека крпа. Овој метод треба да се применува редовно во текот на зимските денови.

Карминот може да ги суши усните. За да се избегне ова, препорачливо е да се нанесе регенератор пред карминот. Така карминот останува подолго на усните, а основата под него спречува напукнување.

Мат кармините треба да се избегнуваат. Тие не само што прекумерно ја сушат кожата на усните, но и ги прават испукани поочигледно. Во овие случаи останува на сила препораката за нанесување на балсам пред карминот, а како дополнување – кожата на усните да се чисти вечерно време.

Слични содржини