Ние тежнееме да размислуваме дека летниот одмор е време во кое треба да се опуштиме, а со тоа и да престанеме да спортуваме. Вистината е дека одморот е најдобар момент да продолжите да вежбате, но надвор од правливите и замаглени, затворени фитнес сала, кои инаку ги посетувате.42b3260b1f11ca0ee6f5bfa6d52bea7f

Летото е совршена сезона да се занесете во игри на отворено и пак да се испотите обилно, да согорите калории и да останете во форма. Еве и неколку совети на оваа тема:

1. Поздравете го денот со јога на отворено

Практикувањето на јога, на утро по будењето, додека воздухот е свеж, а дневната светлина -мека, е многу подобра доза свежина во споредба со кафето. Телото и умот ќе ви се благодарни за тоа! Најдете си некакво убаво и тивко место меѓу природата, за подобар ефект. Место на кое има убав поглед и пријатни природни звуци.

2. Купувајте како локален жител

Ангажирајте го вашиот велосипед и возете низ одморалиштето, пазарете со него – тоа ќе е вашето кардио. Освен тоа, па ќе успеете да горазгледате и истражувате секој агол од градот, селото или областа во која се наоѓате. Многу е подобро да си пазарите во локалните продавници за овошје и зеленчук, наместо да јадете од калоричните јадења понудени од хотелот.

3. Игра на плажа

Играјте одбојка, фудбал или што и да е, пливајте, нуркајтее. изнајмете си кану или брод, пробајте некој вид сурфање (Каеда, винд, педелборд) и т.н. Користете ја секоја можност за движење со поголем интензитет.

4. Користете импровизирани фитнес додатоци

Ако немате тегови, можете да си направите такви за вашиот тренинг. Пример големите шишиња со вода може да се вашите тегови. Користете клупи, огради, столици и т. н. за сквотови. Освен тоа, не заборавајте да ставите во вашиот багаж јаже за скокање или ластик за вежби со отпор.

5. Не заборавајте на џогирањето

Трчањето е другиот најлесен начин преку кој можете да ја запознаете дестинацијата на која се наоѓате. Се разбира можете да го направите тоа и со прошетки – но гледајте да одите со побрзо темпо и без да се одморате на секоја клупа.

Слични содржини