Како да останете во форма во текот на летото?

од desk2

Доколку сте рекреативец, а теретаните и групните тренинзи по фитнес центрите не ви се баш омилени, високите температури можат да ве демотивираат и привремено да ве спречат да вежбате.

Без разлика дали имате навика да вежбате дома или надвор, некои денови се премногу спарни и тешки за каква било физичка активност. Па, како да останете во кондиција за време на летото?

1. Намалете го интензитетот на физичката активност
Доколку сте навикнати да трчате и да поминувате голема километража, трчањето заменете го со прошетка. Ако не сакате да излегувате од рутината, поминувајте ја вообичаената рута, но овој пат со брзо одење. Исто така, добра опција се и почестите, но помали прошетки.

2. Скратете го времетраењето на вежбањето
Ако не можете да издржите да вежбате цел час, поделете го тренингот на три дела во текот на денот, во времетраење од по 20 минути. Прилагодете го тренингот онака како што ви одговара вам. На овој начин ќе го намалите психичкиот притисок и вежбањето нема да го доживувате како „еден час пекол“.

3. Одберете нова активност
Кога некој ќе ни спомне лето, првата работа која ни доаѓа на ум е пливањето. Покрај пливањето, можете да возите велосипед или да играте одбојка на плажа. За некои спортови ви се потребни лесно достапни реквизити, а можеби летово ќе го пронајдете и вашето ново хоби. Дали сте пробале да играте бадминтон? Дури и играњето фризби не е лоша идеја.

4. Внесете нови нешта во вашето секојдневие
Овој совет подразбира промени во активностите кои веќе ги правите. Пробајте да пешачите или да возите велосипед, наместо да одите на работа со автомобил. Почесто шетајте го вашето куче во маалскиот парк. Танцувајте кога ќе излезете во град. Секоја физичка активност е важна!

Слични содржини