Како да подготвите похован карфиол во рерна

Состојки:
– 500 гр карфиол
– брашно
– презла
– 4 јајца
– 200 гр кисела павлака
– 100 мл јогурт
– 4-5 чешниња лук
– масло, сол

Подготовка:

Скинете ги цветовите од карфиолот и малку обарете ги, исцедете ги исушете. Во отворите од световите ставете издробен лук и посолете.

Ставете масло и прпелкајте ги во прашно, мтено јајце и презла. Тепсијата напачкајте ја со масло и наредете го карфиолот.
Во филот додадете уште едно јајце, малку јогурт и павлака. Измешајте па прелијте го карфиолот.

Печете на 200 степени, 40-45 минути.

Слични содржини