Како да познаете дали внесувате премногу шеќер?

од Elena Daskalova

Колку и да сме свесни дека шеќерот воопшто не е корисен за нашето здравје, сепак тешко оди одолевањето на убаво парче десерт, крофна или засладен пијалак.

Но, како да знаете кога е доста од внес на шеќери? Препознајте ги сигналите кои телото ви ги праќа и ве предупредува дека мора да направите одредена промена.

Ова се некои од нив:

Претерана желба за шеќер

Алармантен момент дека сте претерале со шеќер е кога телото само ви бара да го внесувате во количини поголеми од нормалното. Но, штом сте свесни за тоа, на вистински пат сте да се ослободите од оваа навика.

Недостиг на енергија и постојан замор

Ова е уште еден сигурен знак дека нешто не е во ред. Ако постојано чувствувате замор без некоја посебна причина, тогаш голема е веројатноста дека шеќерот ја „пие“ вашата енергија.

Проблеми со стапалата и кожата

Прекумерниот внес на шеќер може да предизвика проблеми со кожата од типот на егзема, акни, првутење и воспаленија, кои може да се појават на лицето, колената и стапалата.

Пад на имунитетот

Ако често страдате од настинки и преладеност, можеби тоа е последица на претераното консумирање шеќер. Јаглехидратите го заслабнуваат имунолошкиот одговор на телото. Ако почувстувате некој од овие симптоми, време е да намалите внес на шеќер.

Слични содржини