Како да се вратите во форма за џогирање оваа есен?

од desk2

Топлото време во лето е најголемата причина зошто луѓето не џогираат. Поради тоа, падот на температурите во есен е совршено време за да се вратите во топ форма.

Експериментирајте така што ќе истражувате нови стази каде што може да трчате. Обрнете внимание на тоа со каква облека тренирате. Во есен, утрата се свежи и дождливи, па мора да се облекувате слоевито.

Хидратацијата е секогаш „во мода“, па со себе носете шише вода.

Поканете некој ваш пријател да ви се придружи. На тој начин, ќе имате поголема мотивација за вежбање.

Поставете нови цели и предизвици, потрудете се да постигнете одлични резултати кои ќе ве инспираат во новата година да влезете среќни и задоволни.

Слични содржини