Како да знаете дали му недостасувате: Рибите ќе ви кажат, со Водолијата Бог нека ви е на помош

од Stefanija Kuzmanovska

Припадничките на понежниот пол многу добро знаат колку е тешко да се натера мажот да ги признае своите чувства, особено оние кои се срамежливи и затворени по природа. Исто така, на многу мажи е неописливо тешко да и признаат на една девојка дека се заљубени во неа, а особено им е тешко да отворат уста кога им недостасувате.

Астролозите откриваат како се однесува хороскопски знак кога му недостасува некој близок.

Овен

Маж роден во овој огнен знак ќе покаже нескриена љубомора ако ви пријде некој, кого го сметате за конкурент. Тој е премногу горд да признае дека му недостигате, но не е премногу горд да покаже колку е љубоморен.

Бик

Тој мрази да се чувствува несигурен, но во исто време е ужасно тврдоглав и нема да признае дека му недостигате дури и кога ќе умира за вас. Ако се прашувате дали копнее по вас, проверете дали ќе одговори на вашиот повик или порака. Ако се јави веднаш, не грижете се, тој едвај чека да ви биде на дофат на раката.

Близнаци

Маж роден во овој знак денес ќе ви каже дека му недостасувате, а утре ќе ве „искулира“ и нема да одговара на вашите повици и пораки. Ако мислите дека ве изневерува, не сте во право – Близнаците не се сигурни што точно чувствуваат се додека не ги обземе апсолутно чувство на љубов или од сознанието дека можат без вас. Не грижете се, штом ќе ја „изгубат главата“ по вас, тие отворено ќе ви кажат и ќе го покажат на дело.

Рак

Тешко му е да каже што чувствува, но тој ќе се потруди да ви покаже и докаже колку се грижи за вас. Ви нуди помош? Одговора на пораките веднаш? Ја користи секоја можност за да ве види? Даааааааа, му недостасувате и не го доведувајте тоа во прашање!

Лав

Маж роден во овој знак очекува цело време да биде во центарот на вниманието. Ако ве праша зошто не сте одговориле на неговите пораки или повици, тоа е сигурен знак дека му недостасувате.

Девица

Тој е премногу срамежлив, дури и кога ќе ви каже дека му недостасувате, „повлекува рачна“ и се воздржува да не го каже тоа. Тој ќе признае дека му недостасувате само кога вие први ќе го кажете тоа.

Вага

За човек роден во овој воздушен знак, вистината, искреноста и правичноста се на врвот на листата приоритети. Затоа тој без двоумење, на романтичен и нежен начин, ќе ви каже или напише дека копнее по вас и дека му недостасувате.

Шкорпија

Тој попрво ќе го „отсече јазикот“ отколку да каже дека му недостигате. Но, исто така, ниту еден маж Шкорпија нема да може да ја скрие својата страст кога ќе ве види, ниту пак ќе ви напише вообичаената „рамна“ порака од која нема да можете да разберете колку копнее по вас.

Стрелец

Човек роден во овој знак е специфичен – само кога ќе му покажете дека ви недостасува, тој ќе ја „отвори душата“ и ќе признае дека и вие му недостасувате. Значи, „повлечете нога“!

Јарец

Затворен и сериозен, човек роден во овој знак има совршена самоконтрола. Тој нема да биде првиот кој ќе ви каже дека му недостасувате, но ако го прашате дали му недостигате, нема да ве остави без одговор. Тој не е премногу зборлест, но е искрен до срж.

Водолија

Маж роден во овој знак не можете да го „фатите нит за главата, нит за опашката“. Ќе ве сака најмногу и најубаво на светот, но никогаш нема директно да ви каже дека му недостасувате. За да процените дали копнее по вас, само слушнете како ве вклопува во неговата сегашност и иднина; ако тој не зборува во множина, можеме само да ви кажеме дека ни е жал

Риби

Ако сте желни да имате маж покрај вас кој отворено ќе ве обожава и ќе признае дека ви недостасува, тогаш забавувајте се со маж роден во знакот Риби. Ќе ве препплави со пораки и повици и при секое јавување ќе каже дека едвај чека да ве види.

Слични содржини