Како дружењето со само неколку пријатели може да доведе до брзо пренесување на вирусот?

од Stefanija Kuzmanovska

Некогаш постои перцепција дека претежно големите собири на луѓе се виновни за ширењето на Ковид-19.

Сепак, експертите велат дека не станува збор само за тоа колку луѓе се присутни. Се работи за тоа колку може да биде заразна индивидуа. Дури и мал настан, како што е семеен собир, потенцијално може да стане место на експресно ширење на вирусот.

Неуспехот од страна на луѓето да ги следат соодветните мерки на претпазливост – како што се носење маски и одржување на физичко растојание – исто така го зголемува ризикот.

Според др. С. Весли Лонг, истражувач во болницата Хјустон Методист во Тексас, настан што е „суперпреносител“ на вирус е оној случај кога едно лице со вирус доаѓа во контакт со повеќе други луѓе, што доведува до невообичаено голем број нови случаи.

Џошуа ЛаБаер, истражувач за Ковид-19 од Универзитетот во Аризона, понатаму објасни дека иако многу луѓе мислат дека вирусот се шири хомогено (секој поединец го шири вирусот на една или две лица), можеби тоа не е случај. Постојат се повеќе докази кои сугерираат дека повеќе луѓе никогаш не го пренесуваат вирусот. Сепак, други може да го прошират на поголем број луѓе.

ЛаБаер вели дека супер-пренос е снимен на многу настани, особено кога се собираат групи луѓе.

„Тука нема специфични дефиниции“, рече ЛаБаер, „но барови, цркви, собири, погреби, ресторани организираа снимени настани што доведоа до десетици луѓе да бидат заразени истовремено“.

Кога е поголем ризикот од брзо ширење на вирусот?

„Кога луѓето се собираат во близина, тие не држат дистанца и не носат маски. Сето ова ги зголемува ризиците“, рече ЛаБаер.

„Колку повеќе луѓе се соберат, толку е поголема веројатноста дека некој од нив ќе биде заразен … Штом бројот надмине 30, скоро сигурно некој ќе биде заразен“, верува тој.

Исто така е важно да се напомене дека отсуството на симптоми не е гаранција дека никој не е болен. ЛаБаер забележува дека околу 40 проценти од ширењето на вирусот е предизвикано од луѓе кои сè уште немале симптоми или можеби никогаш немале.

„Затоа овој вирус е толку опасен“, објасни тој.

Како можеме да го намалиме ризикот од ширење на вирусот?

Лонг вели дека нашата најдобра заштита е да продолжиме да ги следиме истите мерки на претпазливост што ги преземавме од почетокот на пандемијата, вклучително и носење маски, физичко дистанцирање, миење раце и избегнување на големи собири, пренесува Healthline.

„Групите некабидат мали“, рече ЛаБаер. „Помалку од 10 луѓе сигурно“.

„Ако сте во близина на луѓе со кои вообичаено немате контакт, дури и ако е роднина, носете маски“, додава тој, и ве советува да ги симнувате маските само кога сте со луѓе од вашето домаќинство.

 

Слични содржини