Како град со 11 милиони жители да го ставиш во карантин?

од Nikola Popovski

Во пресрет на кинеската нова година, терминалите на железничките станици во Вухан, град со 11 милиони луѓе, треба да бидат преполни со патници бидејќи милиони Кинези патуваат назад во нивните домови за да ги видат своите семејства.

Но, во седмиот најголем кинески град, во фокусот на новиот коронавирус во кој досега загинаа 26 лица и заразени се повеќе од 800, патничките терминали се празни.

Од 10 часот во четврток, автобусите, камионите, траектите и метроата се затворени, а излезот од градот е оневозможен.

Летовите исто така се откажани. Патиштата не се официјално затворени, но може да се видат барикади низ градот, додека на жителите им е кажано да не го напуштат градот.

Вухан е огромен град, 42-от најголем во светот и не може толку лесно да се изолира, пренесува Би-Би-Си.

Прашањето поставено во текстот е како можете целиот град да ставите во карантин и дали тоа функционира воопшто?

Има повеќе од 20 главни патишта до и од Вухан и десетици помали. И покрај тоа што јавниот транспорт е затворен, целосна блокада на градот ќе бара огромни воени напори.

„Единствениот начин за затворање на еден град, реално би било да се бара војската целосно да го опколи град“, изјави професорот Адам Камрад Скот од Универзитетот во Сиднеј за Би-Би-Си.

Но, дури и да се предвидат мерки, каде да се повлече линијата? Како и многу други современи градови, Вухан се шири во помали населби и села.

– Според мое знаење, обидот да се стави во карантин град од 11 милиони ќе биде нешто ново за науката. Во овој момент, не можеме да кажеме дали ќе профункционира или не – изјави Гауден Галеа, претставник на Светската здравствена организација во Кина, за Би-Би-Си.

Па дури и ако се докаже дека е можно да се затвори Вухан за целиот свет, прашање е дали е веќе доцна за тоа.

Слични содржини