Како изгледа Кира Најтли изгледа еден месец по породувањето?

од desk4

Кира Најтли го имаше првиот јавен настап еден месец по раѓањето на своето второ дете. Поводот беше премиерата на филмот „Официјални тајни“ во кој таа игра една од улогите, а наскоро ќе почне да се прикажува по светските кина.

Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ и „Гордост и предрасуди“ се појави на филмскиот фестивал во Лондон, облечена во етеричен бел чипкан фустан од органза со нежен цветен вез, дизајниран од Симоне Роча. Необичниот широк модел најверојатано е направен со цел да ја сокрие нејзината формата на телото по породувањето, но сепак таа изгледа совршено. Според модните критичари актерката малку претерала со шираната на тоалетата, за да ги сокрие килограмите кои ги има добиено во тек на бременоста.
Сепак обожавателите велат дека Најтли изгледа грациозно, како никогаш да не се породила. Најтли во мај 2013 година, во Франција, се венчаше со музичарот Џејмс Ритон со кого во 2015 година ја добија ќерката Еди.
Во јануари, актерката призна дека мајчинството е голем предизвик и дека комбинирањето на нејзината кариера со грижата за нејзината ќерка воопшто не било лесно.

 

Слични содржини