Како изгледа кога граѓани се бањаат во Охридското Езеро на зимски температури? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Ниту ниските температури надвор, ниту снегот, ниту пак студената езерска вода, не ги поколеба тројца охриѓани денес да се искапат во водите на Охридското Езеро, на плажата Горица 3.

„Ова го направивме чисто спортски, но и да го прославиме првиот снег во Охрид оваа година. Се искапивме, три пати, а потоа уживавме во јануарското сонце и снегот. Се капам редовно во Охридското езеро, во текот на целата година и тоа за мене претставува вистинско задоволство, бидејќи не само што е добро за сопственото здравје, туку ме прави по исполнет како човек “, изјави Аднан Оџоски, за „Гласот на Америка“.

Слични содржини