Како изгледа кога Вучиќ се подготвува за интервју? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Интервјуто кое претседателот на Србија, Александар Вучиќ го дал при посетата на Сараево за босанско-херцеговинската телевизија „Фејс ТВ“, привлекло големо внимание на целата јавност во регионот.

Додека седа се емитува целото интервју, коментарите не престануваат да се појавуваат на социјалните мрежи.

Посебно внимание привлекол еден твит кој се однесува на појавувањето на Сузана Василјевиќ, советничка за медиуми на претседателот на Србија, во најавата за интервјуто.

„Сузи: Жал ми е, само ќе погледнам како изгледа и ќе се тргнам“, стои во најавата, придружена со видео.

Објавувањето всушност се однесува на моментот кога пред почетокот на интервјуто, советничката за медиуми на претседателот на Србија пристапила за да провери дали е сè како што треба, како што може да се види на видеото за неколку секунди.

По нејзината изјава, во позадина се слушнало само „убав е“. Не е јасно кој го зборува тоа, но според бојата на гласот, може да се претпостави дека тоа го рекол водителот Сенад Хаџифејзовиќ.

Слични содржини