КАКО ИЗГЛЕДАЛА МОНИКА БЕЛУЧИ ПРЕД 20 ГОДИНИ: Фотографијата ја открива актерката во сосема поинакво светло

од Nikola Popovski

На Инстаграм профилот „History.jpg“, кој објавува фотографии од минатото, се појави фотографија од актерката Моника Белучи.

На фотографијата која е стара 20 години, Белучи изгледа прекрасно во црвен фустан и сите погледи се свртени кон неа.

Коментарите на нејзините обожаватели се разновидни, сите се согласуваат дека е убава, а многумина велат дека воопшто не се сменила.

Актерката со италијанско потекло е родена 1964 година, својата кариера ја започна како модел, глумеше во италијански филмови, а наскоро кариерата ја продолжи во Холивуд. Таа глумела во неколку филмови кои доживеале успех на планетите, како што се Малена, Страста на Христос, Пактот со волците, а во филмот Спектар во 2015 година, таа беше најстарата девојка на агентот Џејмс Бонд.

Слични содржини