Како изгледаше импровизираниот напад на Крушево (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски на својот фејсбук профил објави видео од синоќешниот импровизиран напад на Крушево, што традиционално е дел од настаните со кои се одбележува годишнината од востанието.

Во 1903 година, почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската република.

Четириесет и една година по иИлинденското востание, во манастирот „св. Прохор Пчињски“ кај Куманово, 115 делегати го одржале првото заседание на АСНОМ, на кое е потврдена положбата на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на Југославија. Во манастирот, кој денес е во рамки на Србија, со години не е дозволено одбележување на настанот, поради противењето на Српската православна црква.

 

Слични содржини