Како Јокиќ стана побогат за 500.001 долар?

од Nikola Popovski

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го однесе својот Денвер Нагетс во плејофот и поради тоа стана побогат за 500.001 долари.

И покрај поразот од Лос Анџелес Лејкерс ноќта помеѓу понеделник и вторник, Денвер успеа официјално да обезбеди пласман во плејофот, што беше неизбежно веќе некое време.

Затоа е активирана клаузулата во договорот на Јокиќ, според која Србинот ќе добие 500.001 долар заради споменатиот успех, како што објави новинарот на ЕСПН, Боби Маркс.

Зошто 500.001 долар? Тоа е затоа што Јокиќ има клаузула во договорот што стапи на сила летото 2018 година, според која тој ќе добие 431.035 долари за пласман во плејофот, победа во првата и втората рунда од плејофот, или осум проценти повеќе отколку во секоја наредна сезона.

Да потсетиме, Јокиќ потпиша договор вреден нешто повеќе од 147 милиони долари за пет години пред скоро три години, а по оваа сезона му остануваат уште две.

Покрај споменатите и некои други потенцијални бонуси, тој ќе заработи минимум 28.542.009 долари оваа сезона.

 

Слични содржини