Како казна од 20 евра за непрописно паркирање се зголеми на 14.220 евра?

од Nikola Popovski

Едно навидум незначителен сообраќаен прекршок заврши со најскапата парична казна во историјата на градот Бохум, во Германија.

Имено, казната од 20 евра за паркирање на велосипедска патека брзо се претвори во рекордна казна од над 14.200 евра, пишуваат германските медиуми.

Тоа се случи на следниот начин: 57-годишен возач на камион од Нирнберг бил фатен како прави прекршок, бидејќи со својот камион ја блокираше велосипедската патека во Бохум.

Веројатно сето тоа би завршило со казна од 20 евра, доколку возачот на камионот не се побунил. Тој започнал гласно да се жали и да се кара со полицајците, што ги влошило работите.

Полицијата тогаш одлучи да ги провери возилото и тахографот. Кога подетално го прегледале камионот, вклучувајќи го и тахографот, тие откриле не само разни прекршувања на ограничувањето на брзината, туку и скоро дневни прекршувања на пропишаните времиња на возење и одмор во текот на контролниот период од 28 календарски дена.

Потоа полицајците ги внеле сите тие податоци во компјутерот и дошле до казна од дури 14.200 евра. На сето тоа, за возачот следува дополнителна казна од 20 евра за неправилно паркирање.

Слични содржини