Како КОВИД-19 може да влијае на точноста на временската прогноза?

од Nikola Popovski

Светската метеоролошка организација предупредува дека пандемијата „Ковид-19“ може да влијае на точноста на светските временски прогнози.

Во изјавата на организацијата се вели дека големите системи за набљудување на времето, како што се сателитите, се целосно или делумно автоматизирани, но дека по неколкунеделната пандемија може да се појават проблеми со поправка, одржување и распределбата на работата.

Наводно, намалениот обем на воздушниот сообраќај влијае на временската прогноза и набљудувањето на климатските, бидејќи се губат мерењата на надворешните температури, како и брзината на ветерот и правецот, до кои се доаѓаше за време на летовите.

„Иако квалитетот на прогнозата сè уште не се влошил, достапноста на набљудувањата на временските услови преку авионите се намалува, така што можеме да очекуваме постепен пад на веродостојноста на прогнозата“, велат од Светската метеоролошка организација.

Истото важи и ако пандемијата КОВИД-19 продолжува да ги намалува набљудувањата на временските услови од земјата, особено ако вирусот почнува да влијае на способноста на набљудувачите да ја извршуваат својата работа во многу земји во развој каде сеуште се применуваат рачни методи за снимање и набудување на времето, предупредуваат метеоролозите.

Слични содржини