Како кучињата избираат кого сакаат, а кого не?

од Vladimir Zorba

Понекогаш може да се случи омилената личност на кучето да не биде нејзиниот сопственик, односно лицето кое се грижи за неговите потреби.

Ова може да биде фрустрирачко, но треба да проучите многу причини што влијаат на тоа која личност кучето ќе ја избере како омилена. Не треба да се заборави дека секое куче е различно и покрај тоа што е животно, сепак има некаква особеност и тоа има влијание врз неговото однесување, емоции и одлуки што ги носи.

Повеќето кучиња се најсилно приврзани за оној што се грижи за нив за време на клучниот период на социјализација, а тоа е од раѓање до шестмесечна возраст. Раните социјални искуства влијаат врз целиот нивен живот. Затоа е важно кученцето да има позитивна интеракција со широк спектар на луѓе, места и работи. Постојат интересни примери за влијание на различни нешта во овој период.

Кучињата кои не биле со луѓе што носеле шешир или капа може подоцна да покажат страв од луѓе што носат нешто на главата.

Ако не сте имале шанса да бидете со вашето куче во раните фази на социјализација, не грижете се. Никогаш не е доцна да станете негова омилена личност. Раните искуства се важни, но продолжувањето на социјализацијата, играта и секојдневните прошетки со покажана грижа и внимание, исто така, имаат големо и важно влијание врз неговиот избор.

Повеќето кучиња се претежно приврзани за лицето кое најмногу им посветува внимание и со кое поминуваат најмногу време. На пример, куче што живее со двајца сопственици може да биде нешто поприврзано за оној што му дава храна секој ден и редовно го носи на прошетка.

Сепак, за некои кучиња, количината на внимание не е клучна. Квалитетот на тоа внимание им е исто така доста важен. На пример, можеби нема да дозволите вашето куче да седи во скут, но вашиот брат ќе го стори тоа. Не е ни чудо што вашето куче повеќе сака да трча кон вашиот брат отколку кон вас.

Ако некое лице е извор на добри и убави работи и однесување, кучето полесно формира врска со таа личност. Храната игра голема улога во тоа. Се разбира, кучето ќе биде приврзано за личност која секогаш му дава задоволство или редовно го храни.

Тие знаат дека таа личност зазема важно место во нивните животи. Од друга страна, кучињата лошо реагираат на луѓето кои се извор на негативни асоцијации. Ретко ќе видите дека омилената личност на вашето куче е ветеринар. Исто така, тој нема да се дружи со личност која постојано прави бучава, избегнува контакт со него или, уште полошо, го тепа или на друг начин го малтретира.

loading...

Слични содржини